Убаво е кога си скромен – Јошко Гвардиол вреди 100 милиони евра, а вози старо „фиат пунто“ – ММС
ММС

Објавено на: 12/23/22 11:32 AM

Убаво е кога си скромен – Јошко Гвардиол вреди 100 милиони евра, а вози старо „фиат пунто“

Покрај теренот, 20-годишниот стопер импресионираше и надвор од него.

Тој пристигна во својот Новиград на пречекот во старото „Фиат пунто“, а фотографиите стигнаа до познати странски медиуми.

„Челзи, Манчестер Сити, Тотенхем и Манчестер Јунајтед сакаат да го доведат хрватскиот стопер, а тој вози старо, полускршено Фиат Пунто“, пишува за Гвардиол британскиот таблоид Сан.

„Луѓето го обожаваат поради тоа. Коментираат дека е скромно момче и дека вози и такви автомобили стари речиси 20 години“, пишува Сан.

За пречекот на Гвардиол пишува и белгискиот РТЛ, кој потсетува како хрватскиот стопер го запрел Ромелу Лукаку во клучниот натпревар од групната фаза.

„Гвардиол ја предводеше Хрватска до светскиот бронзен медал, а ни Ромелу Лукаку нема да ви го каже спротивното. Но, кога се вратил дома, Гвардиол се возел со својот татко во мало, сиво Фиат Пунто. Тој е доказ дека и фудбалските ѕвезди можат да бидат скромни“, пишува белгиски РТЛ.

Оваа приказна стигна и до Италија. Калчомеркато пишува дека Гвардиол е ѕвезда вредна 100 милиони евра, а се вози во скромно фиат пунто.

Гвардиол беше вистинска ѕвезда на Мундијалот“, изјавија Италијанците.

„Во својот Новиград стаса, како некогаш Артуро Видал, кој доаѓаше на тренинзи со Фиат Панда. Лајпциг трие раце бидејќи Гвардиол го бараат Реал Мадрид, Манчестер Сити, Тотенхем, Челзи и Манчестер Јунајтед, кои се подготвени да понудат 110 милиони евра за него“, пишува Калчомеркато.