Српскиот претседател, Александар Вучиќ го поддржува договорот меѓу Скопје и Атина, но вели дека не го потценува народот во Македонија кој според него, испратил јасна порака.
Тој, меѓутоа рече, дека не е слеп за да не гледа што се случило и која е пораката на народот.
„Сметав дека договорот е добар и тоа го сметам и денес. Сметам дека секој договор е многу важен за народот на обете земји. Ние не се мешавме во внатрешните работи на двете држави, иако и јас како претседател и Владата го поддржаа договорот. Народот во Македонија донесе јасна и недвосмислена одлука и нема, како некои други да ја игнорирам“, рече Вучиќ на вчерашната заедничка прес конференција со известувачот на Европарламентот, Дејвид Мекалистер.
Вучиќ уште изјави дека посакува се најдобро и успех на Македонија и Грција, бидејќи, како што рече, станува збор за два братски народи.
Во однос на прашањето за Косово и Метохија пак, српскиот претседател нагласи дека не знае што Европата унија и меѓународните фактори сакаат од Србија. Според Вучиќ, тие ни сами не знаат, но дециден е дека косовската војска нема да се шета на север на Косово.
На вчерашната средба, известувачот Мекалистер порача дека според Европскиот парламент, секој договор меѓу Белград и Приштина може да се биде прифатен ако се договорат двете страни и ако се земе предвид стабилноста во регионот и меѓународното право.