(ВИДЕО) Уште една алка во синџирот на Жито Маркети и групацијата компании-Свечено отворен новиот стопански комплекс – ММС
ММС

Објавено на: 12/22/22 5:51 PM

(ВИДЕО) Уште една алка во синџирот на Жито Маркети и групацијата компании-Свечено отворен новиот стопански комплекс

Велат дека вербата е половина успех. Тие веруваа и успеаја. Уште една алка во синџирот на компанијата Жито маркети, заокружен со отварање на нов административен -деловен центар.
Семејството на сродни компании доби свој дом, под еден кров.


Дека компанијата успешно чекори отворена за сите предизвици и новини што ги нуди и ги бара современото бизнис работење и технологија, покажа и свеченото спектакуларно отварање на објектот, проследено од големиот број присутни, пријатели, деловни соработници и сите кој на некој начин имаа свој придонес- Идејата на хартија да стане реален објект.


„Ова што го гледате пред вас, стопански комплекс или административно деловен објект е новиот дом на семејството на компании и брендови. Генералната идеја за проектот беше, на едно место да се интегрираат сите процеси од сите работни аспекти,“ потенцира сопственикот Далибор Ѓошевски.
Традицијата и вредностите стекнати во семејството искаени во успешен семеен бизнис, продолжува во втората генерација.

„ Од средношколските денови до денес , од магацин, преку маркет, до менаџирање, бев насочен целосно да се посветам и да го наследам семејниот бизнис во малопродажбата, но секако и да ја имам можноста да развивам други успешни деловни проекти„ кажа Ѓошевски.
Оваа семејство е многу поголемо. Во него влегуваат и сите вработени кои низ годините поминувале и се уште се во групата на компании. Сите заедно имаат придонес и огромен труд за да постигне сето ова, потенцира сопственикот Далибор Ѓошевски.

Административниот деловен комплекс лоциран пред Велес, село Караслари, располага со површина од 4183 м/2, со 105 вработени, влезови за товар и истовар на стока, магацински простор од 3000 м/2 , 12 комори на вкупна површина од 1500 м/2, 4 лифтови, сопствена кујна и ресторан за вработените, соба за одмор и релаксација, паркинг…


„ Ќе се обидеме работното време тука да го исполниме и со други активности освен дневната рутина. Ќе внесеме малку време и простор за релаксација со социјални игри и слично. Кујната и ресторанот вклучени во просторот даваат дополнителна вредност на целиот овој простор. Тука секојдневно ќе се хранат над стотина вработени,“образложи Ѓошевски.Производствените погони се од лесна и незагадувачка индустрија. Објектот е енергетски ефикасен и може да биде независен од електричната мрежа на подолг период, затоа што располага со самостоен агрегат од 55 киловати.


Овој деловен потфат заокружува една фаза од деловното работење на Жито и на семејството блиски компании и како што кажа сопственикот -Нема да застанат тука.
„Во името на сите компании тука под овој кров, ветувам дека нема да застанеме во развојот. Ќе внесуваме и нови производи и нови услуги во портфолиото . Ќе креираме и нови трендови во домашната индустрија . Не ни фалат визии и посветеност. Сите заеднички да се развиваме и да се стремиме и да придонесеме на пазарот, секој во својата област на деловното работење,“ најави Ѓошевски .


Приказната на Жито Маркети започнува во далечната 1988год. Вистинската експанзија на брендот се случува во 2014-2015год. кога се отворени супермаркети ширум земјата. Денес, компанијата “Жито” располага со 59 маркети распространети во 20 општини во земјава