Во своето обраќање во Собранието, претседателот Пендаровски се осврна на многу теми и проблеми, меѓу кои клиентелизмот и корупцијата на политичари, судии и обвинители.
-Убеден сум дека надоврешната политика предолго ја определува динамиката на политичките процеси во државата. Потребен е фокус на внатрешен план, дома. Недоволното темпо на нашиот економски и социјален равој во транзицијата е последница од неколку фактори Но, една од клучните е корупцијата и политичкиот клиентелизам што ја еродира довербата во институциите. Тимот на санкции на САД е најдобар показател за недвоербата во домашните органи што единствената надеж за правда ја гледаат во странските институции. Никој од надвор нема да ја искорени корупцијата, ако тоа не го направат нашите институции, рече Пендаровски и додаде:
– Во оваа борба влогот е огромен. Државата или ке ги стави криминалците зад решетки, во затвори од затворен тип или со прите од народот ќе продолжат да градат имиџ на чесни и добелсни граѓани и ќе продолжат да ги иссмеваат сите останати. Во тој судир меѓу криминалите и огромниот број граѓани со образ има две цели. Прво да покажеме конкретни резултати, не само апсење за јавност, туку изречени долгогодишни затворски казни и враќање на украденото на народот. Нашите напори ќе паднат во вода ако судот се споготува со ликови за кои јавноста знае дека со пари од народот ги имаат обезбедено своите се уште нерододени деца и внуци. Правда нема да има додека нема актуелни политичари во затвор за корупција, но правда нема да има и се додека се на слобода судиите и обвинителите, кои носат скандалозни одлуки, зад кои веројатно стојат коруптивни мотиви, рече Пендаровски во обраќањето.