„Мама со месеци спиела со дечко ми, па се обидоа да ме направат луда“ – Исповед на изневерена ќерка – ММС
ММС

Објавено на: 12/22/22 10:00 PM

„Мама со месеци спиела со дечко ми, па се обидоа да ме направат луда“ – Исповед на изневерена ќерка

Една корисничка на ТикТок откри дека нејзиното момче ја изневерувало со нејзината мајка, и дека таа има брат или сестра од таа врска, пишува The Sun.

-Мајка ми спиела со мојот дечко осум месеци до ден пред мојот 18-ти роденден, потоа замина со него и добија бебе и се верија. Четири години сме без контакт – вели оваа девојка во видео кое, најблаго кажано, ги шокираше корисниците на оваа мрежа.
Кога почнала да излегува со тој дечко, таа имала 17, а тој 21.

– Бев многу наивна. Буквално еден месец откако почнавме да излегуваме, тој веќе доаѓаше кај мене, мајка ми му правеше чај, додека тато спиеше на софата премногу уморен после работа – продолжува да објаснува кога првпат се посомнева дека нешто „не е во ред. “:

– Имав чувство дека нешто не е во ред. Не бев сигурна, но мислев дека слушам звуци, па се симнав долу за да ја најдам мајка ми како се бакнува со моето (сега поранешно) момче.
Таа побегнала во соба на катот, но и двајцата тргнале по неа и се обиделе да ја убедат дека си измислила сè:

– И двајцата негираа дека нешто се случило, дури и ме убедуваа дека сум луда.

Нивното убедување отишло дотаму што го однеле девојчето на лекар за да и препише лекови.

(Курир.рс/Најжена)