По раскинувањето со убавата Камила Мороне, Леонардо ди Каприо наводно ја завел манекенката Џиџи Хадид (27).
Познатиот актер и една од најпопуларните манекенки никогаш не ја потврдиле врската, а луѓето тогаш мислеле дека тој се откажал од својата бизарна љубовна мантра да не се забавува со девојки постари од 25 години.
Меѓутоа, холивудскиот заводник сега е виден во друштво на актерката Викторија Ламас (23). Како што пренесуваат странските медиуми, Лео и Викторија, која е ќерка на актерот Лоренс Ламас, биле забележани заедно во Холивуд, влегле во истиот автомобил, а тој среќно се смешкал.
Интересен факт е дека Викторија е родена две години по премиерата на филмот „Титаник“, кој беше претставен на светската публика во 1997 година, во кој главната улога ја имаше Лео (48).
Пред Викторија и Џиџи, со кои можеби беше во врска и накратко се откажа од бизарната навика, Леонардо се појави во јавноста со сега веќе поранешната девојка Камила Мороне, со која раскина кога таа го прослави својот 25-ти роденден. Деталите за неговата љубовна историја покажуваат дека тој ги избира своите партнери според датумот на раѓање.
И додека состаноците со Џиџи ги криеше од јавноста (колку што можеше), не беше толку таинствен кога излегуваше со Викторија, па или манекенката му значи повеќе или повеќе се гордее со врската со актерката. Викторија е вистинска бомба, а физички наликува на поранешните девојки на холивудските ѕвезди.
Извор: Мондо.рс
Фото: Фејсбук