Расте бројот на заразени со корона во Кина, СЗО изрази загриженост – ММС
ММС

Објавено на: 12/21/22 4:59 PM

Расте бројот на заразени со корона во Кина, СЗО изрази загриженост

Светската здравствена организација е загрижена поради растот на случаи на ковид-19 во Кина и ја поддржува владата да ги фокусира своите напори на вакцинирање на луѓето со најголем ризик низ целата земја – изјави денеска шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Тој потенцираше рече дека е „многу загрижен”  поради бранот новозаразени без преседан во Кина и го повика Пекинг да обезбеди детални информации за сериозноста на ситуацијата.

– СЗО е многу загрижена поради развојот на ситуацијата во Кина, рече Тедрос на неделната прес-конференција, апелирајќи за детални информации за сериозноста на болеста, приемите во болница и на интензивна нега.

Изјавата доаѓа откако германската Влада потврди дека ја испратила својата прва серија на вакцини Бионтек против ковид во Кина, кои првично ќе се администрираат кај германските иселеници.