Како е можно?! – Случајно или намерно заменети две бебиња во софиска болница – ММС
ММС

Објавено на: 12/21/22 2:11 PM

Како е можно?! – Случајно или намерно заменети две бебиња во софиска болница

Обвинителството, здравствените и социјалните власти истражуваат случај на замена на новородени бебиња во Софија, Бугарија,  на Акушерско-гинеколошката болница „Шејново“.

Случајот почнува да се разоткрива откако една од мајките се посомневала дека детето со кое била отпуштена од болница не е нејзино, бидејќи бебето не си личело со родителите.  ДНК тестот потврдил дека бебето коешто два месеци го сметала за свое, не е нејзино. Тестовите покажале дека родителите наведени во изводите на децата не се совпаѓаат со биолошките.

Мајката ја известила болницата каде се породила и болницата извршила интерна истрага. Таа открила дека бројот на нараквицата што му била дадена на детето при раѓањето не се совпаѓа со бројот на мајката, па и покрај несовпаѓањето, мајката и бебето биле отпуштени.

Според директорот на болницата „Шејново“, д-р Румен Велев, тоа не е направено намерно. Велев објасни дека болницата дознала за случајот на почетокот на декември и веднаш ја известила полицијата.

-Имаме строги протоколи и правила според кои ги опишуваме новороденчињата. Ги ставаме нараквиците, ги запишуваме бројките, ги споредуваме при испуштање и тешко ми е да ви кажам што точно се случило – коментира тој.

Велев во средата дал објаснување за случајот на вршителот на должноста министер за здравство Асен Меџидиев, а во меѓувреме Министерството нареди да се изврши увид во „Шејново“.Иако, според директорот на болницата, размената не била намерна, бугарското обвинителство поведе предистражна постапка за намерна размена на деца, која предвидува казна затвор до 2 години.

Додека трае истрагата, новороденчињата ќе бидат со жените кај кои биле отпуштени. Во болницата се сослушани 28 лица , се вршат дополнителни распити, известена е дирекцијата за „Социјална помош“.

Од Министерството за социјала соопштија дека социјалните служби се подготвени да разговараат со двете мајки, а заштитните мерки како привремено сместување на бебињата во социјална служба се преземаат по пријава и истрага или по наредба од органите на прогонот.

Заменик-градоначалникот на општина Софија, Дончо Барбалов, во својство на директор на болницата, коментира дека мора да се открие целата вистина и доколку има виновници да бидат казнети.

 

извор:Медиапул.бг