„Пиши дека наполнив 25 години, па не изгледам на тие што ги имам“ – Ферус прослави роденден со прашалник, за првпат ги сокри годините – ММС
ММС

Објавено на: 12/21/22 12:21 PM

„Пиши дека наполнив 25 години, па не изгледам на тие што ги имам“ – Ферус прослави роденден со прашалник, за првпат ги сокри годините

Кралот на музиката Ферус Мустафов вчера прослави роденден, а кој роденден го славеше, односно колку години наполни не сакаше да каже.

Вели дека годините не се важни, се чувствува како да наполнил 25, а тоа го покажува и неговиот дух и изглед кој му намалува од вистинските години, ни и прашалникот на славеничката торта.

-Што колку години наполнив? Не изгледам на тие што ги имам. И на тортата немаше години, само прашалник.   Абе ајде, каква врска имаат годините, никој не ми дава толку колку што имам. Не се битни годините. Важно е дека сум дедо и прадедо и тоа е убаво, а колку години имам не е важно. Се чувствувам како да наполнив 25 години, вели славеникот.

За роденденот изненадување му приредиле син му Илми ивнукот Ферус Јуниор. Тој не знаел дека двајцата организирале се што е потребно за журката. Негово било само да посака желба и да го дувне прашалникот.

-Секако дека си замислив желба. Желба за роденден  ми е да бидеме сите здрави и живи. Тоа што требаше да го постигнам, јас го постигнав. Сега внук ми Ферус продолжува по мене, со неговиот талент излезе надвор од границите.  Навистина синот и внукот ме изненадија. Не беше голема журка, ама важно семејно го прославивме, сите бевме заедно, вели тој.

Она што е чудно е што Ферус слави 25-ти роденден, а желбите му се поврзани само со „да сме живи и здрави“. Во неговите желби никаде ги нема жените, кои ги споменуваше во речиси секое интервју. Но, на прашањето за жените тој како од пушка одговори:

-Ако имам толку години жените уште ме сакаат, а и јас ги сакам.  Тоа не сме е да се заборави. Не сум стар. Само што сега и не можам да одам по жени од други причини. Ќерка ми Мелек не ми дава, многу е љубоморна. Па чекам Мелек да порасне, да си фати дечко и да ме разбере, на шега вели Ферус.

(В.М.)

 

„Се расплакав од радост“ – Ферус Мустафов пресреќен, стана прадедо и го прослави 70 роденден

Дедо стави пари на книшка, Јоана да се школува – Ферус Мустафов го прослави првиот роденден на правнуката