Светска банка: Можните парламентарни избори лошо ќе влијаат на македонската економија – ММС
ММС

Објавено на: 10/4/18 5:55 PM

Светска банка: Можните парламентарни избори лошо ќе влијаат на македонската економија

Можните предвремени парламентарни избори може негативно да се одразат врз економскиот раст во земјава – оценува Светска банка. Оттаму порачуваат дека колку побрзо се решат клучните политички прашања, толку ќе биде подобро за економијата. Директорот во Светска банка за Македонија, Марко Мантованели смета дека позитивно влијание би имало и забрзувањето на патот на земјава кон Европската унија.

Редовниот економски извештај  на Светска банка за Западен Балкан, покажува дека Македонија забележала најголем напредoк од шесте балкански земји во споредба со лани, но загрижува тоа што расте невработеноста кај младите.

Вишиот економист за Западен Балкан во Светска банка, Сања Маџаревиќ-Шујстер, сугерира образовни реформи, подобро таргетирање и нов пристап на социјална заштита со фокус на најсиромашните слоеви.

Таа како причини за растечката неактивност кај работоспособното население ги наведува системот за социјална заштита кој во одредени услови обезбедувба повеќе средства од плата, потоа неможноста на некои лица да работат зашто мораат да чуваат деца или стари, како и иселените, кои на домашните им праќаат пари, поради што тие не мора да работат. Смета дека кај нас разликата на учеството на мажите и жените на пазарот на труд, со голема предност на мажите, е причина Македонија да губи 60 проценти од потенцијалниот БДП. Исто така, нотира дека се намалува продуктивноста на трудот, како и додадената вредност по работник.

Светска банка  оценува  дека годинава јавниот долг ќе достигне 50 проценти од БДП.