Иако можеби мислите дека луѓето најчесто ги губат мобилните телефони, картичките и клучевите, неодамна еден келнер од ноќен клуб во Глазгов, Шкотска, на ТикТок ги сподели сите необични предмети што ги наоѓал по луда ноќна журка.
Неговата објава во која наутро собира изгубени работи од подот на клубот собра 6,3 милиони прегледи, а заедно со вообичаените ставки имаше и некои неочекувани.
@thegaragegla Part 2 here it is👏 #SpotifyWrapped #HONOR50duet #scottishtiktok #garageglasgow #dayinmylife #fyp #glasgownightlife #photodump ♬ Crystal Dolphin – Engelwood
Меѓу купот скршени телефони и изгубени документи, тој нашол и неколку полначи за телефон, еден машки елек од Адидас, парфем, нараквица, но и шпил карти, еден тампон и само една црна женска каубојска чизмичка.
„Никогаш нема да разберам како некој успева да изгуби само еден чевел!“ – некој напиша во коментарите, на што некои се надоврзаа со сопствени изуми после ноќно излегување.
„Еднаш најдов пакување од 12 пудинга“, напиша една девојка, додека друга раскажа како на подот на ноќен клуб по дивата ноќ нашла друштвена игра Џенга, комплетна со сите парчиња.
„Губењето на еден чевел е класика, често ми се случува и секогаш се најдобрите излегувања! заклучува еден корисник.