(Видео) Најубав рецепт за печени ребра за празниците – ММС
ММС

Објавено на: 12/21/22 12:08 AM

(Видео) Најубав рецепт за печени ребра за празниците

Новогодишните празници  ни се пред врата, затоа запишете го рецептот за најсочни новогодишно печени ребра.

Потребно: Свински ребра со месен стомачен дел околу 3,5 кг.

За маринадата број 1: 10 чешниња лук, 3-4 лажички сол, бибер, рузмарин, 50 милилитри масло.
Подготовка: Добро исушете го месото и премачкајте го со оваа маринада. Завиткајте го во фолија и оставете го во фрижидер околу 6 часа. Потоа ставете го месото во рерна на 180 степени да се пече околу час и половина.

Потоа извадете го месото од рерна и премачкајте го со оваа маринада:
Маринада број 2: 150 гр. густ сос од домати, 1 лажица масло, 2 лажици соја сос, 1 лажица балсамико оцет, бибер.
Кога ќе го премачкате печеното месо со оваа втора маринада, печете го околу 40 минути од едната, и од другата на 180  степени.