Комбе нагмечило жена, била на погреб кај девојчето што беше прегазено во Велес – ММС
ММС

Објавено на: 12/20/22 8:18 PM

Комбе нагмечило жена, била на погреб кај девојчето што беше прегазено во Велес

Жена, која била на погреб на девојчето, што беше прегазено во Велес, е тешко повредена.

Во неа удрило комбе, кое ја нагмечило, бидејќи таа била потпрена на оградниот ѕид на дворот на црква „Св. Спас“.

Информацијата за дума.мк ја потврди портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев кој додаде дека станува збор за комбе со струмички регистарски таблички.

На местото на незгодата интервенирала екипа на Итна медицинска помош на Здравен Дом Велес, а по укажаната  помош повредената жена била пренесена во ЈЗУ Општа болница Велес.

Според портпаролката на велешка болница, д-р Елена Левкова Ќулумова, жената е примена во Хирушки амбуланти, направени се преглед и рендгенски снимања.

-Од извршените лекарски прегледи и рендгенска снимка хирурзите констатираа дека пациентката се здобила со повеќе нагмеченици на меки делови од телото. Нема скршеници но според мислењето на лекарскиот тим ќе биде задржана на болничко лекување и опсервирање во наредните 24 часа, додаде д-р Левкова Ќулумова, за дума.мк.

Извор и фото: Дума.мк