Партии од Албанскиот блок- Приоритет се уставните измени – ММС
ММС

Објавено на: 10/4/18 2:10 PM

Партии од Албанскиот блок- Приоритет се уставните измени

Политичките партии на Албанците сметаат дека е приоритет е да се изгласаат уставните измени, а за прашањето за избори може да се разговара ако бидат исцрпени сите можности околу обезбедувањето на двотретинското мнозинство на пратениците. ДУИ за разлика од останатите политички партии е резервирана по однос на прашањето за избори.

И од двете крила на БЕСА сметаат дека изборите се последната опција за излез од новонастаната политичак ситуација. Треба целата енергија и сите сили да се насочат кон обезбедување на двотретинско мнозинство во собранието, со цел да се изгласаат уставните измени и да помине договорот со Грција.

Од Алијансата за Албанците, велат дека неминовни се избори, затоа што владата на Заев нема кредибилитет да ја води државата. Но најрпвин треба да помине договорот со Грција, што е најголем приоритет на државата.

И од Дуи сметаат дека треба што поскоро да се изгласаат уставните измени. Но, оттаму се воздражни по однос на прашањето за вонредни парламентарни избори, за кое ќе расправаат на денешното централно претседателство ,закажано во 17 часот во седиштетот на партијата во Мала Речица.

Зоран Димовски