(Видео) Трик со украсни кеси воодушеви милиони луѓе! Подарокот ќе биде убаво спакуван, а вие ќе заштедите време – ММС
ММС

Објавено на: 01/1/23 2:51 PM

(Видео) Трик со украсни кеси воодушеви милиони луѓе! Подарокот ќе биде убаво спакуван, а вие ќе заштедите време

Празничниот период е на прагот, а оние кои уживаат во дарувањето подароци ќе имаат полни раце работа.

Креативните луѓе секогаш обожуваат да им приредат изненадување на саканите и при тоа водат сметка за секој детаљ, како што е украсната хартија, начинот на пакување и на честитките кои остануваат за спомен.

Во меѓувреме на социјалните мрежи се појави видео на кое е прикажан трик со кој подароците ќе ви бидат совршено спакувани, а и ќе ви заштеди време.

Вес Скарпијас Гонзалес и Алисон Короли споделија видео на својот заеднички ФБ профил. На видеото тие покажуваат трик со украсни кеси како совршена идеја за оние кои сакаат убаво спакувани подароци.

Едноставно е: Ставете го подарокот во кесата, применете го трикот со рачките и подарокот нема да „мрдне“!

Трикот всушност подразбира крајот на рачките да го вовлечете во дупката на спротивната страна на кесата. Кога ќе ги повлечете цврсто, кесата ќе се затвори така што подарокот нема да може да се види. Ова видео има над 17 милиони прегледи, а луѓето беа воодушевени, ако се суди според нивните коментари.

„Ова е прекрасна идеја“, „толку едноставно, а ефектно“, „ова ми заштеди многу време“, „одличен трик“…се само дел од коментарите.

Како изгледа трикот, погледнете во продолжение: