Премиерот Ковачевски ја користи секоја прилика да покаже дека е човек од народот, и на својот профил на Фејсбук објавува (не)обични фотографии и информации.
Таква е и последната објава, во која премиерот се пофали дека пробал префкусни посни јадења кај семејството Спасовски во Пробиштип, кои Свети Никола го славеле и како семејна слава и како именден.
-Денеска големиот празник Свети Никола го одбележавме заедно со семејството Спасовски во Пробиштип, кое има и слава и именден. Им благодарам за гостопримството и пријатната атмосфера во нивниот дом. Задоволство е да се биде со трите генерации на ова прекрасно семејство со трпеза полна со превкусни посни јадења и срце полно љубов за сите. Нека е за многу години денот. Честита слава на сите кои го празнуваат Свети Никола Чудотворец, напиша премиерот.
Минатиот месец се пофали со, како што рече, вкусниот сендвич со мортадела во мензата на РЕК Битола.