Претседателот на Русија, Владимир Путин, во понеделникот допатува во Минск на разговори со Лукашенка и тоа е првпат по три и пол години двајцата претседатели да се сретнат во Белорусија.
Средбата беше опишана како „работна посета“ и траеше повеќе од два часа. Неговиот авион слета на националниот аеродром во Минск, а рускиот претседател го пречека белорускиот претседател Александар Лукашенко.
После тоа, двајцата претседатели отидоа во палатата на Републиката во Минск, а при нивното влегување е забележана интересна ситуација. Лукашенко отиде на една старна, додека Путин на друга. Многумина протолкуваа дека Путин не го интересира каде оди претседателот на Белорусија и додадоа дека воопшто не го интересира Лукашенко и неговиот пат на движење, во стилот – „Јас одам овде, а ти оди каде сакаш“. Додека други пишуваа дека Владимир Путин отишол во тоалет и му рекол на Лукашенка дека ќе дојде штом ќе ја заврши својата „работа“.
Луѓето различно го толкуваат видеото, но најдобро е да го погледнете видеото и да процените сами:
Visiting the Republic Palace in Minsk today, Putin does not give a shit which direction Lukashenko wants him to walk. pic.twitter.com/v6x34MLN4T
— Kevin Rothrock (@KevinRothrock) December 19, 2022
ИЗвор и фото: Мондо.рс