Банката на Англија го претстави дизајнот на банкнотата со ликот на кралот Чарлс Трети.
Како што наведоа, портретот на кралот ќе биде на банкнотите од пет, десет, 20 и 50 фунти, додека останатите банкноти ќе останат непроменети.
Неговата слика ќе стои на предната страна на банкнотите.
Банката на Англија објави дека очекуваат фунти со ликот на кралот Чарлс Трети да бидат во оптек кон средината на 2024 година.
Фото: bankofengland.co.uk