Прогласени најуспешните во зимското национално првенство во пливање – ММС
ММС

Објавено на: 12/20/22 10:30 AM

Прогласени најуспешните во зимското национално првенство во пливање

Викендов се одржа зимското национално првенство во пливање.

Беа прогласени за најуспешни во повеќе категории.

Во категоријата сениори- жени најдобра е  Миа Блажевска Еминова од П.В.К.Орион, додека во категорија мажи Јован Јанковски Јован, исто така од П.В.К.Орион.

Во категорија младинци, кај жените најдобра беше Миа Блажевска Еминова Миа од П.В.К.Орион, додека кај мажите Андреј Стојановски Андреј од ПК Нептун.

Во категорија кадети кај жените најуспешна е Софија Дамјанова од ПК Вардар 2018, додека кај мажите  Јован Јанковски П.В.К.Орион.

Во категоријата постари пионери, кај жените најуспешна беше  Емилија Велкова од ПК Нептун, додека кај мажите Огнен Славковски од П.В.К.Орион.

Во категорија помлади пионери, кај жените најдобра е  Неда Миленковска од  ПК Младост, додека кај мажите  Влатко Цеков од ПК Вардар 2018.

За најуспешен клуб на шампионатот беше прогласен ПВК Орион.

Фото: Вангел Тануровски