Билјана Јевтиќ и Александар Аца Илиќ важат за еден од најскладните и најомилени парови на српската јавна сцена.
Тие со години уживаат во хармоничен брак во кој го имаат синот Иван. Ретки се ситуации во кои има можност да ги видиме тажни или во расправија, бидејќи Биља и Аца едноставно се создадени еден за друг.
Пејачот во една прилика во интервју за медиумите откри како започнала нивната љубовна приказна и како се заљубил на прв поглед кога ја видел Биља.
– Си помислив „Каква убава девојка! Која е таа?“ Се запознавме во Крагуевац во 1983 година, но нашите патишта се вкрстија дури во 1986 година, кога направивме заедничка турнеја. Заедно сме од јануари 1986 година до сега и ќе останеме заедно до крајот на животот. Од таа љубов се роди Иван, нашето најголемо богатство. Живееме убав живот, можеби животот не е интересен за новинарите, но навистина е за нас – изјави пејачот во една прилика и откри како реагирал на тоа што во тој момент Билјана важела за најпосакуваната жена во тогашна голема Југославија. .
– Искрено, и јас бев млад, бев и убав, бидејќи како што велат секоја младост е убава сама по себе. Од добар дом, бев добро момче и вистинска прилика како што велат луѓето. Сите велеа дека Биља е убава, а во една прилика наш другар рече дека и јас сум убав, конечно некој ја кажува вистинската вистина – изјави Аца.
Пејачот признава дека имал среќа кога е бракот во прашање и дека тој и неговата сопруга вешто го криеле приватниот живот од љубопитните погледи на јавноста и така успеале да ја сочуваат најдлабоката интимност само за нив двајца.
Извор: Информер.рс