Угриновски: Кажаното од МВР за атенатот на Глигоров е голема лага – ММС
ММС

Објавено на: 10/4/18 1:07 PM

Угриновски: Кажаното од МВР за атенатот на Глигоров е голема лага

“Кажаното од МВР дека се работи на атентатот за претседателот Киро Глигоров  е една голема лага“, со овие зборови и документ телеграма во рака, реагира политичката партија Единствена Македонија по вчерашната изјава на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски,  дека од страна на МВР и понатаму се води постапка против непознат сторител за атентатот.


„Ова е интерен документ телеграма од врвот на МВР до сите организациони единици на тајната служба и криминалистичка полиција. Во овој документ јасно стои, цитирам: „Ве известуваме дека Штабот на Оперативната акција „Автомобил“ во седиштето на МВР веќе не постои како посебна организациона целина“ – завршен цитат“, изјави Драган Угриновски.

Од партијата појаснуваат дека по атентатот е заведена оперативна акција со кодно име „Автомобил“ во која требало да се слеваат сите сознанија и податоци од значење за овој немил настан. Но Драган Угриновски , вели дека Штабот и оперативната акција Автомобил не постојат повеќе во седиштето на МВР.

„Атентаторите сега можат само случајно да се откријат, бидејќи според овој документ се е оставено на случаноста – за евентуално случајно добиени сознанија да се известуваат соодветните организациони единици, бидејќи нема систематско и организирано работење во рамките на ОА „Автомобил“ која се укинува“, појаснува Угриновски.

По скандалозниот документ како што велат од Единствена Македонија со кој се укинува Штабот и оперативната акција „Автомобил“ бараат одговор од МВР на суштински прашања кои што се во интерес на јавноста.