(Видео) Морбидно! „Едни плачат, други фрлаат бакшиш“ – Искуство на срспки пејач, кој пеел на погреб – ММС
ММС

Објавено на: 12/19/22 5:41 PM

(Видео) Морбидно! „Едни плачат, други фрлаат бакшиш“ – Искуство на срспки пејач, кој пеел на погреб

Пејачот Јован Михаљица бил ангажиран со хармоникаш и виолинист да испее неколку песни на покојник, но не на гробиштата туку во семејната куќа од каде што започна поворката до гробиштата.

Михаљица ги сподели своите впечатоци за српски Курир, а видоето од настапот е објавено на интернет, каде се гледа додека некои плачат, други фрлаат бакшиш:

– Првпат пеам на ваков настан. Мене ми беше многу чудно.  Дадоа бакшишми сето тоа е необично. Семејството ме контактираше преку посредник и не беше прецизирано што е во прашање. Кога стигнавме хармоникашот, виолинистот и јас видовме што се случува. Ковчегот стоеше, луѓето беа тажни, плачеа, но воопшто чувството да се застане покрај ковчег со човек во него, да пееш некои песни кои не се ни толку тажни е чудно. Нетипично е што ова се случи во Загреб. Тоа е католичко семејство. Претпоставувам дека тоа било желба на починатиот додека бил жив, или на некој негов близок – смета тој и додава:

– Тој плач и лелек што се измеша со музиката, сето тоа изгледаше прилично морбидно. Ова беше прв пат, не е лесно да се пее на погреб. Каде ме најдоа мене, кој сум нетипичен за вакви работи – објасни тој.