(Видео) Солзи и аплауз – Од Пикси до Тоти, кој сè беше на погребот на Синиша Михајловиќ – ММС
ММС

Објавено на: 12/19/22 2:14 PM

(Видео) Солзи и аплауз – Од Пикси до Тоти, кој сè беше на погребот на Синиша Михајловиќ

Легендарниот српски фудбалер Синиша Михајловиќ денеска беше погребан во Рим!

Неговото тело ќе почива на гробиштата на базиликата „Света Марија на ангелите и мачениците“, а ковчегот од црквата го изнесоа пријателите на Миха. Во преден план беа најблиските – Дејан Станковиќ и Роберто Манчини.

Станковиќ е долгогодишен пријател на семејството Михајловиќ и меѓу првите се појави на погребот, а со Синиша играше во Лацио, Интер и репрезентацијата на Србија. Манчини и Михајловиќ се запознале во деведесеттите кога Синиша пристигнал во Серија А, а заедно работеле во неколку италијански клубови. Меѓу другото, Роберто го убеди Синиша да започне тренерска кариера и му даде шанса во стручниот штаб на Интер.


До нив двајца, многу блиску до ковчегот со телото на легендарниот ас, имаше тројца фудбалери на Болоња. Телото на својот поранешен тренер го носеа десниот бек Лоренцо Де Силвестри, офанзивниот играч за врска Роберто Соријано и напаѓачот Марко Арнаутовиќ. Арнаутовиќ и Станковиќ го бакнаа ковчегот откако го донесоа до возилото.


Од другата страна веднаш до Дејан Станковиќ беше Атилио Ломбардо. Тој еднаш ја делеше соблекувалната со Михајловиќ во Сампдорија и Лацио, а му беше и помошник за време на неговиот тренерски мандат во Торино.

 

Навивачите со бакљи, аплауз и спортска химна го испратија Синиша.

Италијанските медиуми јавуваат дека само на плоштадот пред влезот во базиликата се собрале околу 2.000 луѓе. На богослужбата присуствуваше семејството на Синиша Михајловиќ, бројни српски и италијански фудбалери и голем број навивачи.


„Храбар, чесен човек, кој ги остави вистинските вредности зад себе“, објавија италијанските медиуми некои од зборовите што пријателите на Михајловиќ го опишаа на погребот.

На еден од транспарентите пишува „Збогум Синиша, ти си еден од нас“.

Погледнете го последното испраќање на Михајловиќ:

 

Извор: Мондо.рс

Фото: Принтскрин Јутјуб