Елката мора да стои на посебно место, доколку сакате да привлечете здравје, љубов и успех – Правила за декорација на домот – ММС
ММС

Објавено на: 12/19/22 8:00 PM

Елката мора да стои на посебно место, доколку сакате да привлечете здравје, љубов и успех – Правила за декорација на домот

Празничната еуфорија полека влегува во нашите домови, кои со новогодишни декорации ги претвараме во бајковите места.

Украсувањето на елката е една од најомилените активности во декември, а во овој период од годината yin & yang енергијата е на највисоко ниво, затоа искористете ја на вистински начин, за да привлечете среќа, здравје и успех. Во тоа ќе ви помогнат правилата на Фенг Шуи.

Кога се украсува домот, со поставувањето на декорација со одредена цел, несвесно внесувате радост во просторот. Тогаш се менува енергетската вибрација во внатрешноста на целиот објект.

Елементи кои бараат најмногу внимание според правилата на Фенг Шуи:

Влезна врата како симбол на нови можности

Влезната врата претставува место на колективен дух на целото семејство, нивните најнови можности, прилив на здрава енергија, енергија на пари и просперитет. Потрудете се вашата влезна врата генерално да ја пребришете и преубаво да ја декорирате, со што ќе посакате добредојде на се што е ново во годината која доаѓа. Помислете си „  Оваа година само среќа нека влегува низ мојата врата“! Сосема е доволен еден декоративен елемент од надворешната страна на влезната врата со што метафизички ќе го подигнете нивотот на добрата енергија.

Новогодишна елка како дрво на желби

Елката треба да се украси така што ќе прикажува и дел од личните желби на секој член од семејствотот. После стандардната декорација на елката , вклучувајќи и сет светилки, секој треба на елката да постави свој украс кој ја симболизира личната желба и на елката треба да закачи лист со испишана желба.

Совршено место за елка

По Фенг Шуи декорирањето на елката припаѓа на елементот дрво, па загтоа сместете ја во областа кое е во склад со дрвениот елемент или има корист од неговата енергија. Благотворната рамнотежа на енергијата ќе ја постогнете со следната положба на елката:

Источна насока: привлекување на здравје и семејна среќа.

Југоисточна насока: за пари и изобилство

Јужна насока. За деловен успех и слава

Што симболизираат новогодишните украси?

-фигура ангел: помош од силни луѓе и благослови од небото

-парички: добри приходи во текот на годината

-срце: активација на сите облици на љубовта

-ѕвездички: слава, почитување, успех во кариера

-јаболки: раѓање на нови можност, здравје но и плодност

-Дедо Мраз: симбол на доброчинител  кој исполнува желби. Неговата фигура е неизбежна во декорирањето на домот (под елката, во дневната соба или во влезниот дел на домот.

-елен: симбол на зимата, празниците, отменост, сила. Еленто симболизира долговечност во се, симбол е на мирот, балансот и великодушнпост. Сето тоа разбудете го во вашето срце и благословот ќе ве следи.

Правилен избор на бои за украси

Во постудениот дел од годината ењ потребно со помош на предмети и бои да се доведе енергијата на оганот во нашата околина. Елементот на оган го сочинуваат свеќи, вистински камин, светилки, златни и огнено-црвени украси. Освен црвената, за добивање на топла енергија, добар избор е и виолетовата боја. Но сепак водете сметка за главниот принцип на фенг шуи, а тоа е рамнотежата.

Премногу огнени декоративни елементи, што често се случува за време на празниците, ако се претерува со црвена боја, ќе поттикне создавање на синдром на согорување, па дури и емоционални испади.

Уморот кој многумина го чувствуваат и после божиќните празници неретко е предизвикан од неурамнотежена енергија на оганот во домовите. Затоа во своето празнично опкружување секако додајте ги и постудените бои како светлоплавата која ја активира енергијата на водата.

Исто така тоа ќе го  ублажите со сребрена и сива и спокојната бела-боите кои го покренуваат елементот на метал

Ивор: Курир.рс