Серијата ке ја изгуби и другата половина од дуото . Телевизијата го отпушти Клејн Крафорд од смртоносното оружје поради вжештените конфликти за време на снимањето, и Дејмон Вејанс најави дека ке ја напушти серијата „Lethal Weapon“.
Кога го прашаа зошто ја напушта серијата,тој во свои зборови одговори премногу сум стар за да работам толку напорно како што работам за серијата „Смртоносно оружје“.Вејанс, кој игра Детектив од полицискиот оддел во Лос Анџелес Роџер Мурта, изјави за Eurweb.com дека ќе се повлече од смртоносното оружје откако ќе го заврши производството на 13 епизоди од претстојната трета сезона во серијата што Фокс веќе ја нареди.
“Ќе го напуштам шоуто во декември по завршувањето на почетните 13 епизоди”, открива Вејанс. “Значи, навистина не знам што планираат, но тоа е она што јас го планирам . Јас сум 58-годишен дијабетичар и работам 16-часови на ден … Тешко ми е да ја играм оваа улога , поддржувачки татко, сопруг ,пријател на ТВ, но да бидам човек во приватниот животот кој им кажува на сите: “Не можам, морам да работам”. ”
Беше релативно лесно за Телевизијата Фокс и Ворнер Брос да го заменат местото на Крофорд (тие во крајна линија отидоа со Сеан Вилјам Скотт, кој сега е ѕвезда како ветеран во војна и татко Весли Коул), но тоа може да биде поинаква приказна кога станува збор за замена на Вејанс.
Дали студиото ќе се обиде да додаде уште една главна улога во мешавината? Дали ќе завршат со ослабување на смртоносното оружје, мислејќи дека не вреди да се настојува да остане жив откако Вејанс е надвор од сликата? И ако се замени Вејанс од смртоносното оружје и некој друг се приклучи за да ја глуме спротивната улога од Скот, дали гледачите ќе се држат наоколу?
Имаме многу прашања, но за жал тие прашања ке останат неодговорени. За сега фановите ке треба да се задоволат со гледањето на третата сезона на „Lethal Weapon“.