(Видео) „Мучачос“ се пее, а Меси собра над девет милиони лајкови на Инстаграм – ММС
ММС

Објавено на: 12/18/22 11:02 PM

(Видео) „Мучачос“ се пее, а Меси собра над девет милиони лајкови на Инстаграм

Лионел Меси во мментов е најзборуваната личност во светот. По шампионската титула на Аргентина во Катар тој се огласи на Инстаграм и со својата објава буквално го запали интернет и за кусо време доби над девет милиони лајкови.

А под фотографиите ос емотивните моменти кога го земаат пехарот тој напиша:

– Светски шампиони! Многу пати го сонував ова, толку многу сакав да не паднам повторно, не ми се верува… Благодарам многу на моето семејство, на сите што ме поддржуваат и на сите што веруваа во нас. Уште еднаш докажуваме дека кога ние Аргентинците се бориме заедно и обединети можеме да го постигнеме она што го сакаме. Заслугата на оваа група, која е над поединците, е силата на сите кои се борат за истиот сон, кој беше сон и на сите Аргентинци. Успеавме! Ајде Аргентина! Се гледаме наскоро – напиша Меси.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Leo Messi (@leomessi)

Шампионите веќе тргнаа за дома, аод авион исплива видео во кое слават со фудбалската химна „Мучачос“.

Погледнете ја атмосферата: