„Ја излези Ѓурѓо“ и се случи спектакл на концертот на „Некст тајм“ – ММС
ММС

Објавено на: 12/18/22 12:00 PM

„Ја излези Ѓурѓо“ и се случи спектакл на концертот на „Некст тајм“

Два часа спектакл приреди братското дуо „Некст тајм“ вчера  во спортскиот центар „Јане Сандански“, каде го заокружија проектот „Мајка“.

Стари и млади, песната на Мартин и Стефан ги обедини сите љубители на македонската комитска песна.

Концеетот го отворија со „Нешто ќе те питам бабо“, по што една по една  ги наредија песните од студиски албум „Мајка“. Публиката едвај ја дочека  „И ние сме деца на Македонија“ за да во еден глас запее со нив.

„Чекавме 15 години за во вака голема сала да направиме концерт. Ви благодариме што ја поддржувате македонската музика,  во ова време ѝ е многу потребно на Македонија да се одржува културата и традицијата.  Да сте живи и здрави“ – кажа Стефан кон средината на концертот.

 

И очекувано кулминацијата се случи на песната „Ја излези Ѓурѓо“, на која навичката група „Комити“ запалија бакљи и покажаа дека им се благодарни за се што направија, особено за помладата публика, која преку Стефан и МАртин ги засака овие песни.

Сецијален гостин на концертот беше и Влатко Лозаноски – Лозано, кој го отпеа својот хит „Километри“. Стефан, заедно со него уште еднаш ја испеа „Ја излези Ѓурѓо“ и покажаа колку моќно звучи оваа песна кога тие двајца ќе ги вкрстат гласовите. Ова на Лозано и „Некст тајм“ им дојде како проба на сето она што треба да го испеат на заедничката турнеја низ Австралија, која ќе се случи за неколку месеци.

Во публика можеше да се забележат многу познат фаци, а секако во прв ред беше нивната мајка Сузана, во друштво на свршеницата на Мартин – Андреа и девојката на Стефан – Тина. Од колегите пак заедно со нив пееја Каролина Гочева, Елена Ристеска, градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски, Снеже Велков, Ирена Спировска, Јана Бурческа и други.

Фото: Вангел Тануровски