Аргентина е светски првак, ја победи Франција на Светското првенство во Катар. Иако дрматично, сепак, на финалето на Светското првенство преку пенали се избра победникот. Аргентинците имаа предност од два гола, но Французите го израмнија за две минути. Во продолжението беше постигнат по еден гол за да на крај, одлучија пеналите.
Messi with a hugely important goal for Argentina 🇦🇷
Could be the winner. What a GOAT 🐐
— Mimi Fawaz (@MimosaFawaz) December 18, 2022
Аргентина трет пат во историјата стана светски првак во фудбал совладувајќи го вечерва во спектакуларно финале во Лусаил бранителот на трофејот Франција на пенали со 4-2 (2-2, 2-0).
За Аргентина, која го играше своето шесто мундијалско финале, ова е прва светска титула по пауза од 36 години, а нејзиниот капитен Лионел Меси дојде до единствениот трофеј што му недостасуваше во неговата блескава кариера.
Аргентинците комплетно доминираа во првиот дел и поведоа во 23. минута преку Лионел Меси од пенал, откако претходно Усман Дембеле го фаулираше Ди Марија.
Само 13 минути подоцна Ди Марија го удвои водство на асистенција на Алексис Мек Алистер во акција која од средината на теренот ја започна Меси.
Франција прв пат упати директен удар кон противничкиот гол во 80. минута кога Килијан Мбапе од пенал ја преполови негативата, а само 60 секунди подоцна напаѓачот на ПСЖ го израмни резултатот со својот втор гол на натпреварот.
Меси во 110. минута од продолжението повторно ѝ донесе водство на Аргентина, но Мбапе пет минути подоцна израмни од пенал и стана само втор играч кој постигнал хет-трик од игра во финале на светските првенства.
Во пенал серијата за Аргентина беа прецизни Меси, Дибала, Паредес и Монтиал, додека во францускиот состав реализираа Мбапе и Коло Муани, но аргентинскиот голман го одбрани ударот на Коман, а Чуамени биеше непрецизно од белата точка.