„Исплачи се и биди храбар, никој не ти ги разбира стравовите подобро од мене“ – Како дете, кое боледува од леукемија го храбрел Миха – ММС
ММС

Објавено на: 12/18/22 11:16 AM

„Исплачи се и биди храбар, никој не ти ги разбира стравовите подобро од мене“ – Како дете, кое боледува од леукемија го храбрел Миха

Приказните  за познатиот Синиша Михајловиќ ги преплавија сите медиуми.
Меѓу нив имаше и една, која ги расплака сите.  За големината на Синиша говори и ситуацијата кога тој се нашол во друштво на момче болно од леукемија.
Кога имате само 12 години и гледате како 22 луѓе трчаат по топката со надеж дека ќе постигнат гол, сите тие ви изгледаат како херои. Но, кога имаш 12 години и се бориш со леукемија и решиш да му напишеш писмо на еден од твоите идоли кој исто така се бори со истото злобно чудовиште, тогаш си вистински херој.
Синиша Михајловиќ никогаш не сакал да го нарекуваат херој, но токму тој збор мора да му се припише на Мирко, кој му пишал откако дознал дека Синиша боледува од тешка болест.

Момчето по име Мирко, кое во 2019 година се бореше со леукемија и победи, го запозна Синиша Михајловиќ, кој во исто време беше во истата тешка ситуација. Оваа приказна стана вирална на социјалните мрежи.
Овој малечок меѓу првите го поддржал фудбалскиот стручњак кога објави дека боледува од лоша болест. Тој му напишал писмо:

“Јас сум Мирко, имам 10 години и имам една голема особина – храброст! До октомври 2018 година бев сосема нормално дете, играв, одев на училиште и ја поддржував Парма. Потоа на 21 октомври ме испратија во во болница ми рекоа дека имам леукемија.Не знаев што е тоа,но со тек на време дознав колку е проколната оваа болест.Можев да изберам помеѓу две опции за борба: да плачам и да тагувам цел ден или да бидам храбар и продолжам понатаму.Решив да бидам храбар“, се вели во емотивното писмо посветено на Синиша.

„Имав голема помош од играчите на Парма, особено од Газола и Инглезе. Како и вие, јас доаѓам од фудбалските терен, каде што го следев мојот омилен клуб. Сега ги гледам натпреварите на телевизија. Оваа страст ми помогна сите овие месеци да ги поминам во болницата. Меѓутоа, во мај добив нови лоши вести, терапијата што ја примав не беше доволна. Морав да направам трансплантација, а првенството заврши…“.

„На 14 мај имав трансплантација на коскена срж и сега се чини дека се е во ред. Кога ја видов вашата конференција, видов дека сте тажни. Никој не може да ги разбере вашите стравови подобро од мене, бидејќи иако имам десет години , стравот е ист кај сите.Чувствувам дека треба да ти кажам да не се откажуваш, да извлечеш од себе многу солзи затоа што тие се знак на храброст и да правиш што сакаш затоа што побрзо ќе се подобриш. Се надевам дека мојот совет ќе ти помогне и, кој знае, можеби ќе се сретнеме еден ден, јас тебе од трибините, ти мене на теренот. Ти праќам посебни прегратки и запомни, понекогаш волкот не е толку лош како што изгледа.Поздрав “, напиша десетгодишното момче.
Сопругата на Синиша, Аријана Михајловиќ, го запозна ова писмо италијанската и светската јавност.

Мирко се опорави од успешната операција на коскената срцевина и леукемија, а благодарение на ангажманот на италијанските новинари доби можност лично да се запознае со Синиша Михајловиќ. Приказната беше емитувана на првиот канал на италијанската телевизија, а коментарите кои пристигнуваат од Италија велат дека е крајно емотивна.

Мирко и Синиша постојано биле во контакт за време на неговата борба со леукемијата, а кога малку се опоравиле, малото момче дошло да го посети својот идол на стадионот во Болоња, каде имал можност да се сретне со играчите  и да шутира пенали, а Михајловиќ стоел на голот.

Извор: Б92.нет