Орденот „Свети Никола“, оваа година за Михајло Ренџов – ММС
ММС

Објавено на: 12/17/22 5:41 PM

Орденот „Свети Никола“, оваа година за Михајло Ренџов

Михаил Ренџов е овогодишниот добитник на Орденот „Свети Никола“, а Штип Сити Мол, Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“ и проф. д-р Снежана Мирасчиева се добитници на признанијата „19 декември“.

Овогодишните добитници, орденот и признанијата ќе ги добијат утре, 19 декември, по вечерната богослужба во Соборниот храм „ Свети Никола“, кога ќе започнат и чествувањата по повод празникот, заштитник на градот Свети Никола.

Празничната вечерна богослужба ќе започне во 17 часот, во Соборниот храм а веднаш потоа, во 18 часот, ќе биде одржана и Свечената академија на која ќе се додели Орденот и признанијата. Во понеделник, во 8:30 часот, ќе започне светата архиерејска литургија, а во 10:45 ќе следи литија на релација од Соборниот храм „Св. Никола“ до Плоштадот „Слобода“. Тука ќе има кршењето на празничен колач. Празнична беседа ќе има Митрополитот Брегалнички, г. Иларион, а градоначалникот ќе има празнично обраќање.

Добитници на овој орден низ годините се Ариепископот Стефан и Владиката Иларион, докторите Сашко Кедев -двапати, Илија Џонов, Методија Чепреганов и Жан Митрев  политичарите Срѓан Керим, Никола Груевски, Никола Кљусев, Михаил Данев и Стојанче Ангелов.