Учебникот по историја за пето одделение, кој деновиве предизвика бура од реакции поради воочените грешки во содржинските факти , но и бројните лекторки грешки, беше тема на дискуси и во денешното издание на емисијата Стадион на Канал 77.
„Секој треба да преземе одговорност за работите за коишто е задолжен и за кои се зафатил да ги изработи онака како што очекуваат од него. Факт е дека и просветните работници и родителите и учениците можат да направат контрола и проверка на податоците што се во учебниците и мислам дека тука најголемата одговорност имаат сите оние комисии, филтри коишто еден учебник, не само за овој учебник, туку општо за сите. Конкретно овој учебник ги поминал сите филтри во Министерството за образование. Тука станува збор за технички грешки кои настанале во финалната верзија на учебникот и се надевам дека во најскоро време и ќе се најде начин да се отстранат, “ кажа при гостувањето во денешното издание на емисијата Стадион на Канал77, Лидија Тасевска од СДСМ
За Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ, во една сериозна државан за ваков пропуст треба некој да поднесе оставка, а најповикан за тоа е Министерот за образование.
„ Прво се доцнеше со учебниците , потоа тие учебници кои веќе се пред учениците се со вакви грешки коишто се недопустливи, недозволиви и коишто доволно зборуваат за нас како држава,“ кажа Стојаноски.
„Јас навистина не знам како може да се дозволи такво нешто, кога таму има лектори, рецензенти, луѓе кои се платени од државата тоа да го рецензираат за да не дојде до ова што се случува. Мислам дека самиот пристап на Министерството за образование дека догодина ќе се обезбеди учебници на време, укажува на тоа, колку таа администрација што го управува тоа министерство, колку е незаинтересирана и неспособна ова да го администрира,“ додава Стојаноски.
Според фактите презентирани во новиот учебник за пето одделение,
Македонија зафаќа површина од 25.713 км2 На исток нашата земја се граничи со Република Албанија, на север со Република Косово и Република Србија, на запад со Република Бугарија и на југ со Република Грција – пишува во учебникот.
Во истиот учебник пишува дека врвот Монт Еверест е висок 29 километри, иако највисоката точка на земјата е околу 8.800 метри. Ја згрешиле и најниската точка на светот која е 400 метри под морското ниво.