Со Аријана беше во брак 25 години, му роди пет деца и остана со него до крај- Богатството на Синиша Михајловиќ – ММС
ММС

Објавено на: 12/16/22 7:43 PM

Со Аријана беше во брак 25 години, му роди пет деца и остана со него до крај- Богатството на Синиша Михајловиќ

Светот го потресе веста дека познатиот фудбалер и тренер Синиша Михајловиќ почина по долга борба со леукемија.
Иако се мислеше дека успеал да ја победи болеста, леукемијата се вратила, а во последно време состојбата му се влошила. Легендарниот Миха се бореше како лав, но за жал ја загуби битката.
Пред само неколку месеци, на конференција за медиумите, Михајловиќ меѓу другото рече:

„Оваа болест е навистина храбра да се врати и да се бори со мене“ кога на јавноста и откри дека неговиот рак на кој прво му бил дијагностициран пред два и пол години, се врати.

Шокантната вест најмногу го погоди неговото семејство. Синиша Михајловиќ во текот на својата играчка кариера во Серија А се ожени со познатата италијанска водителка Аријана Рапаќони со која има пет деца.


Граѓански брак склучија во Рим во 1996 година, а во 2005 година се венчаа во манастир во Сремски Карловци.

На свадбените покани напишале дека не сакаат подароци, туку дека секој што има намера да им подари нешто нека му помогне на Домот за запуштени деца во Дече село во Сремски Карловци.
Аријана и Синиша ги добија ќерките Викторија и Вирџинија, како и синовите Мирослав, Душан и Николас.


Синиша Михајловиќ подоцна го признал својот вонбрачен син Марко, а Аријана била и останала со него во крај.