Подарок од Украина експлодираше во седиштето на полската полиција – ММС
ММС

Објавено на: 12/15/22 4:25 PM

Подарок од Украина експлодираше во седиштето на полската полиција

Подарок што командантот на полската полиција го доби при неодамнешната посета на Украина експлодирал во полициско седиште во Варшава и полесно се повредени командантот и еден државен службеник, соопшти денеска МВР на Полска.

Експлозијата се случила вчераутро, соопшти Министерството.

Командантот е задржан во болница поради набљудување, додека за другиот повреден не била потребна хоспитализација.

Нема информации каков предмет добил полскиот командант за време на работната посета на Украина.

Во неделата и понеделникот командантот се сретна со лидерите на украинската полиција и службите за итни случаи, соопшти Министерството.

По експлозијата „полската страна побара објаснување од украинската страна“, се вели во соопштението.

МИА