(Видео) Низ кревет му поминале над 2000 жени -Нивната љубов траеше 17 години, а се заврши за една грешка – ММС
ММС

Објавено на: 12/15/22 7:00 PM

(Видео) Низ кревет му поминале над 2000 жени -Нивната љубов траеше 17 години, а се заврши за една грешка

Актерот Џек Николсон важи за еден од најголемите заводници во историјата на Холивуд.

Познато е дека заведувал илјадници жени, а секогаш сакал само една…
За време на една од лудите забави во осумдесеттите, актерката Анџелика Хјустон разговарала со идната колешка Гвинет Палтроу, која тогаш имала дванаесет години, и нејзините родители. Гвинет нервозно го погледнала долгогодишното момче на Анџелика Џек Николсон и и признала:

-Тој човек ме плаши.
Хјустон и одговорила:

– Со причина. И мене ме плаши.

Актерката тоа го откри во своите мемоари „Погледни ме“, во кои се присети на љубовта со Николсон, 17-годишна врска со многу подеми и падови.
Тие се запознале во 1973 година, а се започнало кога Анџелика Хјустон и нејзините пријатели дошле на роденденската забава на Џек во неговата куќа во Лос Анџелес. Досега го гледала само на филмови, а кога го видела во живо почувствувала возбуда, пеперутки во стомакот, а низ главата и летнала следнава мисла:

– Ах! Да… Тоа е човек во кој би можел да се заљубам…
Следувало вечер на флерт и танцување, а Николсон ја замолил Анџелика да остане со него ноќта, на што таа се согласила и тоа беше почеток на долгата љубовна приказна, една од најпознатите во Холивуд.
Откако ја поминале ноќта заедно, си договориле состанок, а Џек потоа побарал од актерката да откаже бидејќи имал други обврски. Го прашала дали тоа значи дека е на друго место, на што тој и рекол да не се шегува така. Николсон и тогаш имаше репутација на заводник, а денес често се слуша дека низ неговиот кревет поминале најмалку 2.000 жени.
Истата вечер, таа излегла на вечера со пријателите за да се утеши и го видела Николсон во ресторан со „убава русокоса“ – неговата поранешна девојка Мишел Филипс, позната манекенка, пејачка и актерка.

Анџелика храбро се приближила до масата и му рекла дека сака само да се поздрави, а тој спонтано ѝја претставил Мишел.
– Беше шармантна. Претпоставувам дека тогаш ја доведуваа врската до крај – напишала Анџелика.
Сепак, овој настан не беше пречка Анџелика Хјустон и Џек Николсон да почнат да се гледаат и лудо да се заљубат. Актерката на почетокот не сфатила каков женкар и сериски прељубник е човекот кој ја освоил, но често наидувала на докази.
– Понекогаш наоѓав женска облека, крем за раце, некоја ситница во садот за сапуница… Понекогаш го земав накитот да видам дали некој ќе дојде да го земе, но тоа никогаш не се случи – се присетува таа.
Николсон постојано ѝ нудел врска топло-ладно. Некогаш би бил луд по неа, некогаш не ѝ се јавувал, некогаш и кажувал дека мораат да „искулираат“, а потоа ја викал да излезат.
Анџелика во еден момент ја ставила кариерата во мирување и се посветила исклучиво на нивната љубов. Откако во 1980 година доживеала сообраќајна несреќа, сфатила дека мора да промени некои работи во животот и се отселила од куќата на Џек.
Во текот на осумдесетите, актерот неколку пати ја запросил Анџелика и јавно се пожалил дека никогаш не може да ја однесе до олтарот.
– Понекогаш ме одбива, понекогаш се согласува, но никогаш не стигнуваме до таму – изјави тој за Пипл во 1985 година.
– И двајцата веруваме во зачувување на слободата. Ако сте во долга врска, како што бевме ние, поминувате низ одредени промени. Сакате и да бидете заедно и да имате време за себе – напишала таа во своите мемоари.
Во 1986 година, Анџелика го освои Оскар за најдобра споредна женска улога во филмот „Честа на Прициеви“, кој го режираше нејзиниот татко и во кој глумеше со Џек Николсон. Подоцна изјави дека никогаш во животот не бил погорд отколку кога ја гледал Анџелика како го крева Оскарот.
Конечно се си дојде на свое место во кариерата, а околината ја притисна да се омажи.
– Се одеше според планот додека Џек не дојде и еден од моите пријатели рече: „Ајде, кажи му“. Му кажав за што разговараме и тој праша: „Дали си сериозен за ова? Пукнав во солзи, се свртев и излегов од куќата. Беше понижувачки и за Џек и за мене – признала актерката.
Анџелика во еден момент го оставила актерот за Рајан О’Нил, по што тој им се вратил на пороците – алкохолот и дрогата, а актерката еднаш била дури и уапсена затоа што била во неговата палата каде била пронајдена дрога.

Двојката навистина се смири, но следеше уште едно раскинување, овој пат поради неверството на Џек. Имено, актерката Карен Мајо-Чендлер за „Плејбој“ изјавила дека момчето на Анџелика „ја бркало низ спалната соба во сини сатенски боксерки“ и дека го прекинале сексот само за да може да изеде сендвич со путер од кикирики. Тоа не беше ни најлошото – актерката Ребека Брусард беше бремена, а Џек Николсон беше татко на нејзиното дете.

Анџелика Хјустон инсистирала да биде со мајката на бебето, па повторно раскинале, а Џек ја продолжил врската со Ребека, со која во 1990 година ја добил ќерката Лорејн, а две години подоцна синот Рејмонд.

По 17 години, тоа беше дефинитивниот крај на љубовната приказна на Анџелика и Џек.
Во истата година кога го доби синот Рејмонд, Анџелика се омажи за скулпторот Роберт Греам, со кој остана во брак до неговата смрт во 2008 година.

Иако била среќна мажена, Џек наводно и го скршил срцето толку многу што не можела да го види со години. Тие се сретнале за прв пат по раскинувањето во 1995 година, за време на снимањето на филмот „Чувар на преминот“. Отпрвин им било незгодно, но потоа се договориле да одат на ручек, каде актерот и рекол на Анџелика:
– Јас и ти, душо, ние сме како „Љубов во доба на колера“.
Како што напишала актерката, таа споредба ја израдувала бидејќи и е една од омилените книги, на еден од нејзините омилени автори, на една од нејзините омилени теми. За безнадежната и упорна љубов“, напишала Аџгелика.

Извор: glossy.espreso.co.rs