Скопје ли е, паланка ли е? Паланка ли е, европска метропола ли е? – ММС
ММС

Објавено на: 12/15/22 2:22 PM

Скопје ли е, паланка ли е? Паланка ли е, европска метропола ли е?

Откако Сашко Митовски, градоначалникот на Крива Паланка ги објави фотографиите да се види како е украсен градот, не престануваат коментарите на Социјалните мрежи.

Освен пофалбите, не изостанаа и шеговитите коментари за Крива Паланка, која го надмина Скопје и се спореди со светски метрополи.

„Скопје ли е паланка ли е“, се дел од коментарите кои ги упатуваат сите пофалби на малото градче на истокот, кое блесна во новогодишна атмосфера.

А за споредбата со фотографијата- нема коментар!