„Ветувања пусти ветувања“ е насловена акцијата на група штипски активисти, која што беше спроведена денеска. Акцијата е посветена на многуте “ветувања“ дадени поради изградбата на Клиничкиот центар Штип и е продолжение на акцијата „Лопатите протестираат“ спреведена исто така поради каснењето во изградбата на Клиничкиот центар .
„Во очи десет годишнината од отпочнувањето на проектот, сакаме да ги потсетиме надлежните институции и владата дека секое ново ветување и одложување на изградбата ги ускратува 500 илјади граѓани од источниот регион на правото на квалитетна здравствена заштита, а воедно и на вработените им ускратува квалитетни и модерни услови за работа, кои се еден од проблемите поради кој штипскиот клинички центар го напуштија над 70 здравствени работници,“ порачуваат стипските активисти.
Акцијата е поставена на оградата на Клиничкиот центар кој во моментов служи само како „галерија“ и е во форма на изложба со шест слики на кои се испринтани ветувањата на разни политичари во минантите 10 години.
„Ние како активисти сакаме да прашаме дали последните изјави за медиуми на политичарите се уште едно празно ветување? И до кога истокот ќе чека за нов клинички центар?
Дали треба да поминат уште десет години и си заминат сите здравствени работници за да сфатиме дека на источниот регион му е потребен нов клинички центар?,“ потенцираат штипските активисти во име на штипските граѓани и граѓаните од источниот регион на земјата.
Новата Клиничка болница, започна да се гради во март 2016 година. Тогаш Владата ја најави како инвестиција вредна околу 30 милиони евра и во која здравствени услуги ќе добиваат над 200.000 пациенти.
Работата неколку пати беше прекинувана, па продлжуваше. Во моментов евидентно е дека ништо не се работи иако од Владата уверуваат дека не е така.