Цеца повредена на Малдиви, крвава шетала по плажа – ММС
ММС

Објавено на: 12/15/22 11:05 AM

Цеца повредена на Малдиви, крвава шетала по плажа

Одморот на Светлана Цеца Ражнатовиќ на Малдиви, како што дознава српска Република, се претворил во вистински хорор филм кога фолк ѕвездата била ранета!

Семејството и сите присутни биле шокирани од глетката.

Цеца е на одмор со семејството, а со оглед на тоа што сакала да ги испроба сите спортски активности со внукот Жељко и синовите на сестра и Петар, Илија и Виктор, не се снашла најдобро во сурфањето.Паднала и ја повредила ногата, а крвта буквално и бликала.
– Цеца  буквално подетини на Малдиви, а сето тоа поради внукот Жељко. Таа се спушташе по тобоганот на децата, играше фудбал со нив на плажа, а се испроба и во сурфање, каде што сè тргна наопаку – вели блиска пријателка на пејачката и додава дека Цеца била буквално ранета, а дека биле многу исплашени кога ја виделе крвава:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic)


– Цеца се обиде да сурфа со Жељко, но во еден момент се лизна и падна. Таа при падот ја пресекла ногата, поточно коленото. Во моментот кога видовме како крв и блика, сите бевме исплашени. Цеца се пошегува: „А, сега не можам во море, ајкулите мирисаат крв“. Ни кукаше додека не и зарасна раната, вели добро упатен извор за Република.рс.