Еден од најголемите и најспектакуларни вокални состави во светот “Perpetuum Jazzile” ќе има свој настап во Македонска Филхармонија во Скопје на 10 фебруари идната година со проектот “Vocal Extasy”.
“Perpetuum Jazzile” – еден од најдобрите светски акапела хорови, во својата долгогодишна кариера имааат издадено 10 албуми и се добитници на најпрестижните светски хорски награди: “Vocal Total Award” – Интернационален хорски фестивал, “Vocal Total Award” – Интернационален акапела натпревар, прва награда на Интернационален џез вокал натпревар во Тибург, Холандија, прва награда на Светски хорски игри во Грац, Австрија, “Viktor Award”, најпрестижна музичка награда во Словенија.
Богатиот концертен репертоар на „Perpetuum Jazzile“ вклучува единствени вокални обработки на светски познати музички звезди, ABBA, Toto, Michael Jackson, The Queen, David Guetta, Lady Gaga, Earth, Wind & Fire, Billy Joel, David Bowie, Joni Mitchell, George Benson, Bee Gees……., како и сопствени интерпретации и обработки на народни песни. Вокалниот оркестар пее на различни јазици, англиски, португалски, шпански, италијански, германски, хрватски, словенечки, македонски….
Нивните концерти, покрај тоа што даваат на публиката уникатно музичко искуство, пропратено со јака енергија и страст од секој музичар поединечно, креативните вокални аранжмани импресионираат голем број на музичари во светот, воодушевени од величенствениот звук кој не се очекува само од човечки гласови.
„Perpetuum Jazzile” – е формиран од уметничкиот водител Марко Тиран во 1983 год. под името Gaudeamus, а покасно името е променето во „Perpetuum Jazzile”
Денес „Perpetuum Jazzile” е најпопуларен вокален оркестар на социјалната мрежа Youtube, со повеќе од 90 милиони прегледи, со што влегуваат на пописот на 40 најпопуларни видеа.
Влезниците за овој уникатен вокален перфоманс веќе се во продажба.
Фото: glazba.h