Повторно дојави за бомби во неколку скопски училишта и Куманово – ММС
ММС

Објавено на: 12/15/22 10:24 AM

Повторно дојави за бомби во неколку скопски училишта и Куманово

Дојави за поставени бомби пристигнале утринава во неколку скопски училишта, потврдуваат од МВР за МИА.

Дојави за бомби, според сознанија на МИА, има во основното училиште „Александар Македонски“ и во „Лазо Ангеловски“ на територија на Општина Аеродром.

Освен во средни и основни училишта, анонимни дојави за поставени бомби nа почетокот на неделава имаше и во институции и трговски центри.

Дојава за поставена бомба утрово има и во кумановското Основно училиште „Браќа Миладиновци“, потврдија денеска надлежните од училиштето и од Советот на родители.

– Екипите на СВР Куманово се на терен, учениците и наставниците безбедно се евакуирани, изјави за МИА директорката на училиштето Јасмина Спасовска.

МИА