Американскиот Сенат донесе закон со кој се забранува Тик-Ток на службени владини телефони – ММС
ММС

Објавено на: 12/15/22 9:36 AM

Американскиот Сенат донесе закон со кој се забранува Тик-Ток на службени владини телефони

Американскиот Сенат усвои закон со кој им забранува на вработените во федералните институции да ја користат апликацијата Тик-Ток на службените телефони.

Претходно оваа недела, Тик-Ток беше забранет на официјални телефони во државите Северна Дакота, Ајова, Алабама и Јута, а Тексас, Мериленд и Јужна Дакота најавија забрани.

Во август 2020 година, Сенатот одобри нацрт-закон со кој се забранува употребата на оваа апликација на телефони во сопственост на владата.

Прес-службата на „Бајтденс“, компанијата која е сопственик на Тик-Ток, изрази загриженост за новите регулативи на американската администрација, за кои тврди дека се засновани на дезинформации и соопшти дека претставници на компанијата се подготвени да се сретнат со американски пратеници за отворено да разговараат за работењето на фирмата.

– Разочарани сме што толку многу држави се приклучија во одобрувањето на закони кои се базираат на неосновани гласини за Тик-Ток кои нема да придонесат за унапредување на националната безбедност на САД, се вели во соопштението.