Жешката хрватска навивачка Ивана Кнол го привлече можеби најголемото внимание на медиумите во регионот со своето појавување на Светското првенство во Катар, кога воодушевено и во провокативни „коцкести“ изданија навиваше за хрватската репрезентација.
Ивана Кнол ги наполни написите на домашните портали, но малку се знае за нејзиниот љубовен живот. За жал на сите мажи, Хрватска нема да го освои Светското првенство, па ниту Ивана нема да се соблече како што вети.
Никогаш не е видена во друштво на маж на трибините, но познато е дека со години е во врска со хрватски претприемач кој наводно е директор на истарска компанија која се занимава со изградба на недвижнини, пренесуваат медиумите. За тоа сведочат фотографиите на Ивана на Инстаграм, а таа често престојувала во Истра, во луксузна вила со базен.
View this post on Instagram
На нејзиниот Инстаграм профил сè уште ги има сите заеднички фотографии со богат бизнисмен. Најмногу уживале во заедничкото патување, а ги посетиле Бразил, Будимпешта, Лисабон, Дизниленд, Минхен… Дека уживале на Светското првенство во Бразил во 2014 година покажува и фактот што и двајцата го сакаат фудбалот, а последната заедничка слика е објавена во 2017 година. Многумина прашуваа дали е сингл, но жешката Ивана претходно објасни дека нејзиното момче не сака медиумско внимание и дека тој е оној кој стои зад камерата и ја фотографира во разни изданија. Исто така, таа рече дека не му пречат нејзините разголени фотографии.
„Не сум сингл во последните единаесет години. Првата врска траеше три години, втората шест месеци и третата, добро, повеќе од седум години“, рече таа минатата година, а на прашањето за тоа дека често е поврзана со спортисти, таа рече: “Не сум била со никој во врска, а вие толку ме распнувате со тоа. Моето момче е архитект по професија, но тој всушност работи во градежништвото”.
Извор: Mondo
Фото: Instagram