Женска тепачка на вработени во кочанската болница – ММС
ММС

Објавено на: 12/14/22 3:49 PM

Женска тепачка на вработени во кочанската болница

МВР информира дека вчера имало тепачка меѓу вработени во кочанската болица.

-На 13.12.2022 во 13.10 часот во СВР Штип, вработена во Општа болница Кочани пријавила дека на едно од Одделенијата на болницата, вработената Ј.Т.(44) од Кочани физички ги нападнала нејзините колешки Б.А.(47), Т.С.(53) и М.К.(58), сите од Кочани. Се работи на расчистување на случајот, по што против Ј.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Штип.

ММС се обиде да стапе во контакт со директорот на болницата Александар Серафимов, но тој беше недостапен на мобилниот.

Неофицијално дознавме дека на тепачката и претходело подолгорочно нетрпение.