Оставка денес си поднел директорот на штипското Ј.П Стипион,Игор Ефтимов, информираа од кабинетот на градоначалникот Иван Јорданов.
„Нема прецизирано конкретна причина, оставката била од лични причини,“ ни изјави градоначалникот Јорданов.
„Во текот на денешниот ден ја примив писмената оставка на директорот на ЈП “Стипион 2011”. Би сакал да истакнам дека во изминатава година реализиравме проекти, со кои станавме препознатливи меѓу граѓаните, но во периодот кој следува ветуваме посилно темпо на работа и уште поголеми инвестиции насочени кон благосостојба на граѓаните. Деновиве ќе именувам нов директор, со што ќе продолжиме да ги реализираме ветените проекти,“ додава Јорданов.
За можниот наследник на Ефремов ќе се знае во следните два дена, вели градоначалникот. Изборот е меѓу Тони Јовев и Кирил Зајков.
(В.К.)