МВР демантира дека на ГП „Ќафасан“ командир е бивш затвореник за криумчарење – ММС
ММС

Објавено на: 12/14/22 2:00 PM

МВР демантира дека на ГП „Ќафасан“ командир е бивш затвореник за криумчарење

Министерството за внатрешни работи најостро демантира дека за командир на граничен премин Ќафасан пред три месеци било поставено лице со отслужена затворска казна за криумчарење, информација пласирана денеска од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

– Станува збор за класична лага пласирана од оваа партија. Нема никаква промена  на командирот на ГП Ќафасан! Напротив, подолг период командир на ГП Ќафасан е Ј.Б., професионалец со одлични резултати во работењето. Апелираме да ВМРО-ДПМНЕ да престане да ги лаже граѓаните, се вели во демантот од МВР.