-По неколкујдневната голгота што ја преживевме на булеварите, каде дежуравме деноноќно и градоначалничката немаше слх да не прими. Затоа блокадите ги тргнавме по обраќањето на премиерот, кој рече дека може да биде медијатор, но само ако се тргнати блокадите. Денес официјално поднесовме барање до премиерот и јас како прв мегу еднаквите, водач на протестот, тука мојата ингеренција завршува и се префрла на институционално ниво и преговорите ќе ги води Ленин Јовановски. Тоа не значи дека нема да бидеме вклучени, но ингренциите денес ми престанаа за детали за идни преговори. Од сега кај Јовановски за сите чекори и се надеваме за позитиви резултати, рече Кемал Муриќ од „Слобода превоз“.
Тој додаде дека се упте не се знае точниот датум за средба со премиерто, но дека иочекуваат да биде многу бргу.
-До овој момент не сум ин формиран дали има конкретен датум и очекуваме многу бргу да биде. Му кажавме дека ги исполнивме неговите очекувања, тоа што го бараше го испочитувавме. За жал ова не го сакавме, но моравме да реагираме. Поднесовме тужба, но се надевам дека ќе се најде решение и се надеваме договорно да се реши. Прво долгот, динамика на исплата во некоја форма. Убедени сме дека премиерот ќе работи за добро на граѓаните, рече Муриќ.