Кој ќе биде противник на Аргентина во неделното финале ќе дознаеме вечерва кога се среќаваат актуелниот светски првак Франција и Мароко, првата африканска земја која стигнала до место во топ четирите на Мундијалот
Французите важат за апсолутни фаворити, сепак капитенот на „триколорите“ голманот Уго Лорис, предупредува дека Мароко не случајно е меѓу четирите најдобри селекции.
Франција атакува на своето четврто финале во кое ќе се обиде да стигне до третиот шампионски трофеј, а воедно да станат и третата земја по Италија и Бразил која успеала да го одбрани шампионскиот трон.
Ќе победи ли Франција или Мароко ќе испише уште една страница во светската фудбалска историја, останува да видиме по натпреварот што ќе започне од 20 часот.
За кого ќе навивате?
Фото: Принтскрин Јутјуб