Шест поранешни припадници на Армијата на БиХ уапсени поради воени злосторства врз цивили – ММС
ММС

Објавено на: 12/13/22 2:57 PM

Шест поранешни припадници на Армијата на БиХ уапсени поради воени злосторства врз цивили

Шест поранешни припадници на Армијата на Босна и Херцеговина денеска се уапсени на подрачјето на Сараево и Горажде под сомнение дека извршиле воени злосторства врз цивилното население, потврди Обвинителството на БиХ.

Осомничените се членови на Вишеградската бригада на Армијата на БиХ, што дејствуваше во источниот дел на БиХ. Тие се осомничени за учество во злосторствата извршени во селото Јошаница кај Фоча. Во декември 1992 година, таму беа убиени 56 цивили од српска националност, меѓу кои и жени и деца.

Во текот на истрагата беа собрани докази дека шестмината уапсени учествувале во нападот на селото, уништувањето имот и убивањето на цивили.