Само уште неколку дена не делат од долгонајавуваниот и очекуваниот концерт на Ацо Пејовиќ во Скопје.
На само неколку дена пред дочекот на новата година, „Арената Борис Трајковски“ ќе биде местото на најдобрата предновогодишна забава во регионот. Се е подготвено за овој голем спектакл кој ќе се случи на 24-ти декември.
Публиката ќе има можност да се забавува со дел од неговите најголеми хитови, како што се: „Да ти ту“, „Све ти дугујем“ и „Полноќ е“, песна која ги руши сите рекорди на слушаност.
Организаторите од „Balkan Media Production“ истакнаа дека концертот е пред распродавање и останати се уште мал број на карти.
Ивона Јо ќе биде гостин на концертот и ќе застане на големата бина заедно со Ацо Пејовиќ.