Во соодветни божиќни пижами, Парис и нејзината мајка Кети позираа во кујна држејќи различни јадења…
-Нема ништо подобро од правење божиќни колачиња со мама во пижами, напишала Парис Хилтон (41) под фотографиите со нејзината мајка Кети Хилтон (63).
View this post on Instagram
Парис се пофали со младешкиот изглед на нејзината мајка додека тие позираа во кујната со комплет садови.
Фотографијата собра над 200 илјади лајкови, а фановите не ја пропуштија можноста да упатат разни комплименти до мајката и ќерката.
– Господи, изгледаат како сестри – гласи еден од коментарите на социјалната мрежа Инстаграм.
Под фотографијата започна дискусија. Фановите веруваат дека Парис е бремена.
– Никој не го спомнува нејзиниот труднички стомак – напишале следбениците кои очигледно биле збунети од некои од фотографиите.
Да потсетиме, поранешната реалити ѕвезда отпатува на Малдиви со сопругот Картер Рум (41) за нивната прва годишнина, а дали чека ново бебе останува да видиме.