Жежок судир помеѓу навивачите на ПСЖ и Црвена ѕвезда – ММС
ММС

Објавено на: 10/4/18 7:31 AM

Жежок судир помеѓу навивачите на ПСЖ и Црвена ѕвезда

Навивачи на Пари Сен Жермен и на Црвена ѕвезда жестоко се судрија пред стадионот „паркот на принцовите“ веднаш по завршувањето на натпреварот од вториот круг во Лигата на шампионите, што парижаните го добија убедливо со 6:1.

Според неофицијални процени, повеќе од 350 навивачи беа вклучени во масовната тепачка. Полицијата реагираше и употреби палки да ја смири ситуацијата.

Во еден момент се слушнала и експлозија од топовски удар. Според првичните информации, нема извештаи за повредени лица.